Соработка со дом за стари лица ,,Идила’’
Од месец октомври социјалниот сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови’’ при Црвен крст на град Скопје и домот за стари лица ,,Идила’’ започнаа соработка со реализирање на заеднички активности со корисниците од дневните центри и штитениците од домот за стари лица.
На 10ти октомври се реализираше првата заедничка работилница каде корисниците од дневните центри и штитениците на домот заеднички учествуваа во рачно изработени декорации. Активностите ќе се реализираат еднаш неделно на различни теми како сликарска работилница, креативна работилница, работилници по плетење, поетско читање, Чиконг вежби и сл.
Целта на овие активности е заедничко дружење, споделување на искуства, унапредување и развој на квалитетен живот како и промоција на здраво стареење.