Соработка со Црвен крст Телемарк
Црвен крст на град Скопје од 2017 година е во Твининг програмата со Црвен крст Телемарк од Норвешка. Меморандумот за соработка беше потпишан за одреден временски период, со годишно планирање на активности. Заради Ковид-19, програмата беше реорганизирана и се одвиваше преку онлајн средби за целиот период. На задоволство на двете организации, се направи и продолжување на програмата и тоа за период 2022-2023 година. Во 2021 година се планирани 4 онлајн работилници, од кои две ќе бидат организирани од страна на Црвен крст Телемарк-Норвешка, а две од страна на Црвен крст на град Скопје. На 25 мај се организираше првата работилница на која присуствуваа повеќе од 30 волонтери од двете организации. Темата беше “Социјално безбедни места за млади” преку која беше презентирана работата на младите во Телемак. Целта за работилниците е зајакнување на капацитетите на волонтерите, размена на искуства како и дополнителна мотивација.