Пребарувај по датум:
2021-02-09

Соработка со Црвен крст Телемарк

Црвен крст на град Скопје од 2017 година е во твининг програмата со Црвен крст Телемарк од Норвешка. Соработка донесе поинаква перспектива за начинот на кој две организации во рамките на Црвен крст може да соработуваат. Меморандумот за соработка беше потпишан за  одреден временски период, со годишно планирање на активности, поставување на главна цел која се реализира преку годишни цели. Во првите 3 години од соработката, многу волонтери и професионалци од двете земји имаа можност да бидат дел од програмата, да патуваат во Норвешка или да дојдат во Македонија, да разменат искуство и да стекнат нови вештини. За жал заради светската пандемија со Корона-19 и оваа програма беше реорганизирана. Во 2020 година се организираа неколку онлајн средби со цел меѓусебна поддршка за полесно надминување на состојбите како и размена на искуства за поголемо ублажување на последиците за населението. На 08 февруари се одржа уште една онлајн работилница на која беа презентирирани искуствата од целата Твининг програма пред преставник на Норвешки Црвен крст со цел изнаоѓање на заеднички решенија за продолжување на соработката.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.