2024-03-07
Соработка и размена на искуства
Во работна посета на Црвен крст на град Скопје, од 29 февруари до 03 март, престојуваше делегација на Црвен крст Телемарт-Норвешка. Целта на посетата беше евалуација на постигнати резултати во изминатите седум години. Преку оваа твининг програма или програма за збратимување беа реализирани 22 активности преку кои голем број на волонтери и професионалци од двете страни беа инволвирани.
Ваквите пограми се добри за споделување на искуства, примена на добрите практики како и зголемување на мотивација.