2019-12-19
Соработка и обука
Медицинските мобилни тимови при Црвен крст на град Скопје кои работат на полето на хуманитарна асистенција на бегалци и мигранти на северната граница, во соработка со Граничната полиција при РЦ Север одржаа предавање на тема ”Превенција од заразни болести и пренесување на заразни болести од миграциски бран” на учениците од осмо и деветто одделение од Основното училиште ”Браќа Рибар” од село Табановце и село Сопот, општина Куманово.
Целта на предавањето беше запознавање на децата со одредени заразни болести и начини на превенција од истите со оглед на географската положба на двете села и изложеноста на миграциски текови.