Пребарувај по датум:
2025-07-14

“Сончеви денови и бои на радост“

Заедно со корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост поминавме незаборавен одмор од 10 до 13 јули во тренинг центарот на Црвен крст на град Скопје, хотел Солферино – Струга! Во пријатна и релаксирана атмосфера уживавме во прошетки покрај езерото, дружење, игри и многу насмевки. Организиравме и ликовни работилници каде што корисниците преку цртежи и бои го изразија своето доживување од одморот и природата која не опкружуваше. 

Овој одмор беше вистинска можност за релаксација, креативност и зајакнување на нашата поврзаност. Создадовме спомени што ќе ги паметиме долго! 

Искажуваме голема благодарност до Сава Осигурување и Сава Пензиско друштво за несебичната донација со која овој одмор стана реалност. Вашата поддршка значи многу за нашите корисници и нивната инклузија во заедницата.

Овој одмор е исто така овозможен со поддршка од Министерство за социјална политика, демографија и млади, со цел унапредување на иклузијата и подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.