СКОПСКИ МАРАТОН 2010
И оваа година Црвениот крст на град Скопје беше донатор на Скопскиот маратон со учество на 4 тима за обезбедување на учесниците на трката.
Маратонот го обезбедуваа 5 доктори, 4 парамедици, 4 од тимот за логистика со 4 возила. На целта од маратонот беше поставен шатор со 10 кревети, еден тим за обезбедување и три тима на патеката на маратонот.
Сите тимови имаа интервенции, посебно на целта им се укажа помош на околу 60 учесници на маратонот. Нашиот тим ги прифаќаше учесниците на маратонот кои влегуваа на целта и имаа потреба од помош и ги згрижуваше во шаторот. Имаше разни повреди, посекотини од паѓање, грчеви, изнемоштеност, повраќање, колапси и сл. Тимовите на Црвен крст крајно професионално и дициплинирано ги згрижија сите.
По укажаната помош сите го напуштаа шаторот со благодарност до Црвениот крст. Тимовите на Црвениот крст и овој пат ја докажаа подготвеност на Организацијата за учество на масовни манифестации.
За цело време знамето на Црвениот крст се вееше пред шаторот, а организаторот преку разглас информираше дека Црвениот крст на град Скопје со 4 тима го обезбедува маратонот и на крај упати благодарност на тимовите кои учествуваа во обезбедувањето на оваа масовна манифестација.