Пребарувај по датум:
2024-05-13

Skopje RUN

На 12 мај во организација на Сојуз на спортови на Скопје и Атлетски клуб Работнички, се оддржа ХалкЕко-10 километарската трка во Скопје.

На трката зедоа учество над 1.600 тркачи од земјата и регионот.

Како логистичка поддршка во делот на медицинското обезбедување на настанот, Црвениот крст на град Скопје зеде учество со 12 лица, доктори и парамедици лоцирани долж цела траса на трката, од фонтана Лотус до мостот Влајко.

Тимовите бележат над 30 интервенции и асистенции.

Честитки за оргнизаторите, тркачите, поддржувачите и тимовите на Црвениот крст.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.