2021-05-12
Симулациска вежба “Брз одговор”
Во организација на Дирекција за заштита и спасување и ООУ “Јашар Беј Шкупи ” од Чаир, на 11.05.2021 година, се одржаа симулациска вежба во која се вршеше евакуација на ученици, повредени, персонал, во случај на земјотрес и пожар. Во реализацијата на оваа активност, свој активен придонес дадоа и волонтерите од Тимот за спасување на планина и Тим за одговор при катастрофи кои со шест члена екипа вршеа спасување, евакуација и транспорт со амбулантно возило на Црвениот крст до Ургентен центар.
Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во ООУ “Јашар Беј Шкупи”, увежбување на повеќе начини на евакуација, спасување од урнатини, пружање прва помош, вршење тријажа и др.