Симулациска вежба
На барање на ООУ “Ѓорѓија Пулевски ” –Аеродром, на 05 ноември, се одржа симулациска вежба “Евакуација на ученици, повредени, персонал, во случај на земјотрес и пожар како нус појава”. Во реализацијата на оваа активност беа вклучени волонтерите од Тимот за одговор при катастрофи. Шестчлена екипа симулираше спасување и евакуација на повредени лица, а со амбулантно возило на Црвен крст повредените се транспортирани до Ургентен центар.
Поддршка за релаизација на симулациската вежба дадоа и волонтерите на Црвен крст Кисела Вода, Доброволното противпожарно друштво Бајрам Мифтари, Противпожарната бригада Скопје и Полициска станица Аеродром.
Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во ООУ ” Ѓорѓија Пулевски “, увежбување на повеќе начини за евакуација, пружање прва помош, вршење тријажа и сл.