Пребарувај по датум:
2011-10-05

Семинар за трговија со луѓе 24-25.09.2011 година

На покана на Црвениот крст на Србија и Црвениот крст на Белград, претставник на Црвен крст на град Скопје,

клуб на млади, присуствуваше на тренинг едукација за нови тренери по трговија со луѓе.

Цел на семинарот беше во борбата против трговијата со луѓе да се усовршат нови техники и методи за работа со дефинирани целни групи.
Тие целни групи беа: деца од згрижувачки семејства и деца со намален психофизички развој.
Семинарот се одржа во просториите на Црвениот крст на Србија и Црвен крст Белград во период од 24 и 25 септември 2011 година.
На семинарот главна цел на обработка и едуцирање на новите тренери беше превентивниот пакет кој е доградба на постоечките капацитети.
На почеток на семинарот обуката беше за проблемот со трговијата со луѓе, освежување на знаењата и новите трендови.
Поради тоа што во иднина треба да се работи со деца од згижувачки семејства и деца со посебни потреби, беа презентирани и дидактичките материјали – материјали прилагодени за тие целни групи како и методи за работа со тие целни групи.
Потоа следуваше презентација за мрежата и вклученоста на Црвениот крст во оваа проблематика и спроведување на програмата.
Оваа обука беше драгоцено искуство во насока на идни активности насочени кон превенција и подигнување на свеста кај специфични целни групи за проблемот со трговија на луѓе.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.