Пребарувај по датум:
2024-09-27

Семинар за психо-социјална добросостојба и групна кохезија кај негуватели

Во период од 20-22 Септември 2024 во Центарот за Едукација – Солферино, Струга беше реализиран семинар за психо-социјална добросостојба и групна кохезија кај негуватели од страна на Нега Центарот при Црвен крст на град Скопје.

Семинарот беше наменет за негуватели кои се вклучени во сервисите за помош и нега во домот на територија на општините Центар, Карпош и Кисела Вода.

Во текот на тим билдинг семинарот, со негувателите беа реализирани слободни активности, групни активности на отворено, техники за релаксација, вежби од областа на менталното здравје, психо-социјална поддршка и грижа за себе, се со цел јакнење на личните капацитети и групна кохезија кај негувателите.

Оваа активност е рализирана од страна на психолог од Центарот за Ментално здравје и психосоцијална поддршка при ЦКРСМ со поддршка од Швајцарски Црвен крст.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.