Семинар за психо-социјална поддршка за мобилни тимови
Во периодот од 30.10.2022 до 01.11.2022 во тренинг центарот ,,Солферино’’ беше организиран семинар за психо-социјална поддршка за мобилни тимови. Мобилните тимови ангажирани во поддршката наменета за лицата од Украина, како и мобилните тимови кои работат во прифатно-транзитните центри на Црвениот крст на град Скопје имаа можност да се стекнат со основни знаења за принципите на психо-социјалната поддршка и првата психолошка помош.
На семинарот беа демонстрирани практични вежби и активности со кои се збогатија капацитетите на мобилните тимови за давање на психолошка помош и психо-социјална поддршка, а се потенцираше и важноста од подигнување на свесноста за грижата за себе и грижа за менталното здравје на помагачите.
Оваа активност беше реализирана со поддршка на Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.