СЕКОЈ, СЕКАДЕ, СЕКОГАШ – има право да бара сигурност“
Под мотото „Возиме за бегалците“, со велосипедска тура во Градскиот парк во Скопје и на кејот на р. Вардар, Црвен крст на град Скопје, како организација која е препознаена во делот пружање на хуманитарна асистенција и помош со цел олеснување на страдањата на бегалците, се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на бегалците 20 Јуни.
Турата обедини организации, институции, баратели на азил и бегалци, организирани од Агенцијата на ОН за бегалци UNHCR-Skopje
Под слоганот „СЕКОЈ, СЕКАДЕ, СЕКОГАШ – има право да бара сигурност“, учесниците кои возеа велосипеди испратија порака дека сите ние ја споделуваме одговорноста да ги штитиме луѓето кои бараат сигурност.
Црвениот крст на град Скопје за сите учесници подели наменски изработени термос шишиња кои го носеа слоганот на денешниот ден, а двете медицински екипи го обезбедуваа целокупниот настан.