Секогаш во служба на граѓаните
Како секој викенд, така и овој, Планинската станица на Водно беше во функција на планинарите, љубителите на планина и секој оној кој сака да поминува време во природа. По добиениот повик на дежурниот телефон 072/269-876 за повреден планинар на новогодишна патека на Водно, дежурната екипата од Планинската станица на Црвениот крст се упатила кон посочената локација.
Лошите временски услови, мразот и снегот на патот дополнително ја усложиле и така сложената ситуација. Повредената планинарка била имобилизирана и безбедно спуштена до Средно Водно и потоа со возило на Црвениот крст транспортирана до Ургентен клинички центар.
Благодарност до случајните минувачи-планинари, кои несебично помогнале за безбедно спуштање на повредената.
Упатуваме апел до посетителите на Водно да бидат крајно внимателни при движење од Средно Водно до врвот Крстовар.
Планинската станица на Црвен крст финансиски е поддржана од Град Скопје.