Сеќавање на 11 септември
Низ изминативе тринаесет години, преку заедничката иницијатива за одржување на крводарителска акција со Амбасадата на САД во Скопје, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, станавме препознатливи во заедницата како еден позитивен пример за индивидуална и општествена одговорност.
Почетоците на оваа соработка беа во 2009 година, поврзани со американскиот национален ден за служба и сеќавање на жртвите од 11 септември.
Оваа година, заради пандемијата со Ковид–19, акцијата е поделена на два дела. Првиот дел се реализираше во Амбасадата каде 19 лица даруваа крв, меѓу кои и амбасадорката на САД во Скопје г-ѓа Кејт Брнз, генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити и лица вработени во амбасадата.Вториот дел од крводарителската акција ќе се случува денес и во наредните два дена во ДХО “Даре Џамбаз” каде припадници на армијата, полицијата, пожарникарите и други лица ќе даруваат крв.
Изјава за медиуми беше дадена од страна на секретарот на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити, американската амбасадорка во Скопје г-ѓа Кејт Брнс и др. Ефтим Димитровски од Институтот за трансфузиона медицина, преку која заеднички упатија апел за хуманост, солидарност и меѓусебна поддршка особено во овој период.