2021-10-13
Секаде каде што е потребно!
По најавата за пристигнување на нова група од 149 евакуирани лица од Авганистан, мобилните тимови на Црвен крст на град Скопје во соработка со петте Општински организации на ЦК во Скопје, се погрижија лицата да бидат адекватно пречекани на аеродромот во Скопје, а подоцна и згрижени во објектот наменет за престој во нашата држава.
Со 24 – часовна поддршка, евакуираните лица од Авганистан сместени во неколку објекти, преку мобилните тимови, се под постојана грижа и добиваат хуманитарна асистенција од страна на Црвениот крст.