Седма ЦКА-ПХВ работилница
На 4 март се одржа седмата ЦКА-ПХВ онлајн работилница со наслов „Работилница за анксиозност“. Истата беше реализирана од ПХВ инструкторот Валдете Адили.
Преку работилницата учесниците се запознаа со терминот анксиозност, како да ја препознаат, како да ја превенираат и како самите да си го олеснат секојдневието.
Учествуваа 170 учесници, волонтери од различни ООЦК. Од присутните кои ги пополнија евалуациите, 87% се изјаснија дека работилницата е многу корисна, 71% дека е интерактивна и 88% се изјаснија дека работилницата е интересна. Сите, односно 100% би ја препорачале работилницата на своите врсници.
Некои од коментарите се: „Одлична работилница, многу корисна и јасна”, “Вистинско патување и уживање”, “Многу корисна и ќе ја препорачам на своите врсници” “.
Продолжуваме заедно!