Пребарувај по датум:
2012-01-26

Рекордни 354 крводарувања во чест на роденденот на Тоше Проески

Црвениот крст на град Скопје продолжува да ги поттикнува, поддржува и помага хуманите иницијативи.

По повод роденденот на Тоше Проески во Скопје, во соработка со Тоше Фан Клуб форумот организиравме крводарителска акција на 25.01.2012 во Дом на АРМ. На акцијата 345 крводарители даруваа крв. Од нив 130 жени и 215 мажи.
За прв пат 67-ца даруваа крв. Младите луѓе беа и се уште се поттикнати од хуманото дело на Тоше Проески и продолжуваат да чекорат по неговиот хуман пат.
Акцијата е традиционална, се организира по трет пат.Минатата година на истата акција се собраа 125 единици крв и 80 % од дарителите беа млади лица, лица кои го поддржуваат и негуваат неговото хумано дело.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.