Пребарувај по датум:
2025-06-26

Рекорден број на сонциња во ПХВ програмата!

Од 170 реализирани мали проекти од страна на 1 041 младинец, изработени се рекордни 44 проекти кои се оценети со сонце. Тоа се проекти кои навистина дадоа голем придонес во заедницата, односно долгорочно смениле нечиј живот и тоа Свети Николе 4 проекти, Битола 4 проекти, Неготино 4 проекти, Делчево 3 проекти, Кавадарци 3 проекти, Тетово 3 проект,  Демир Хисар 3 проекти, Карпош 2 проекти, Гевгелија 2 проекти, Пробиштип 2 проекти, Прилеп 2 проекти, Кисела Вода 2 проекти, Радовиш 2 проекти,  Центар 1 проект, Гостивар 1 проект, Виница 1 проект, Ресен 1 проект, Велес 1 проект, Валандово 1 проект, Берово 1 проект,  Чаир 1 проект. 

На заедничко задоволство, и оваа година 21 ООЦК имаат изработено проекти со сонце, што ни укажува дека има подобрување на квалитетот при изработка на проектите.

Оваа година пехарот ќе го делат три ООЦК кои имаат изработено по 4 проекти оценети со сонце и тоа Свети Николе, Битола и Неготино. Честитки за сите тимови!

Сите проект се инспирација и гордост на нашата младина! Тие уште еднаш покажаа дека се амбасадори на хуманоста!

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.