2023-08-14
Редовна дисеминација
Минатата недела се оддржа дисеминациска сесија на која присуствуваа нови вработени и волонтери. Целта на едукацијата е добивање на информации за историјатот и потеклото на организацијата, употреба и злоупотреба на амблемот, објаснување на принципите, Женевските конвенции, организациона поставеност и аспектите на работењето на Црвениот крст во целата држава. Вториот дел од сесијата беше со акцент на правила кои треба да бидат почитувани во сообраќајот, на социјалните мрежи и секогаш кога се носи амблемот на Црвениот крст. Обуката претставува дисеминациски пакети за секој нов вработен, волонтер или пак практикант во организацијата и се организира редовно но и по потреба.