Реализирана втора Чи конг работилница во Струга со лица во трето доба
Од 18-21.10.2015 година во хотелот „Солферино“ во Струга реализирана е втора Чи конг работилница со учесници во трето доба.
Работилницата беше одржана со цел да се одбележи втората година на имплеменитирање на Чи конг вежбите во дневните центри за стари лица, при Црвен крст на град Скопје. На работилницата беа присутни 25 корисници, 4 стручни соработници, 1 инструктор по Чи конг вежби и 1 волонтери се презентираше целокупниот процес на прогрес во вежбањето на корисниците, односно дека севкупно активно и редовно вежбаат 64 корисници. Изработен беше и видео-туторијален материјал, којшто ќе се дистрибуира до сите заинтересирани корисници, а со него сите корисници ќе имаат можност да ги научат и усовршат вежбите и во нивниот дом. На тој начин, лицата во трето доба ќе можат постојано да се грижат за нивната физичка кондиција и да го подобруваат нивното здравје.
Оваа активност се реализираше во рамките на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“, при Црвен крст на град Скопје.