Пребарувај по датум:
2021-03-26

Реализирана обука за спасители при итен случај во сервисот ИТНО КОПЧЕ

Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамките на проектот ,, Развојна деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во ЦКРСМ’’- проект поддржан одделовно партнерство на ЦКРСМ и Австриска Агенција за Развој, Австриски Црвен Крст и Швајцарски Црвен Крст, реализираше обука за воспоставување на пилот-фазата насервисот Итно копче на територијата на Град Скопје.

ИТНО КОПЧЕ претставува услуга наменета за старите лица, која ќе им овозможи накорисниците да имаат безбеден живот во своите домови 24/7.

Во првата фаза на овој пилот проект од шест месеци се планира да се вклучат 60 корисници, а понатаму уште дополнителни 50. Оваа улуга ќе има за цел да овозможилесен и ефективен начин за добивање на помош на корисниците од постарата популацијаако и кога ќе биде потребна при итен случај во домот.

Обуката е првично наменета за одбраните спасителите при итен случај, вработени лица насервисот ИТНО КОПЧЕ, како и вработени лица од Централната Канцеларија на Црвениоткрст и Црвениот крст на град Скопје и се одвиваше во периодот од 24 до 26 Март 2021 вопросториите на ЦКРСМ.

Учесниците во текот на обуката се стекнаа со теоретски и практични знаења и вештини ворамките на работата на сервисот и неговото значење, улогата и обврските. Дополнително,учесниците се запознаа со правните аспекти, укажувањето на Првата помош накорисниците од повозрасната популација, практични сценарија со кои што може да сесоочат, грижа и справување со корисниците како и користењето на лична опрема, заштитаи лична хигиена.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.