Пребарувај по датум:
2020-12-09

Реализирана обука за лична асистенција на лица со попреченост

Црвен крст Република Северна Македонија – Црвен крст  на град Скопје во рамки на програмата ,, Лична асистенција на лица со пореченост,, успешно реализираше уште една обука, петта по ред за лични асистенти.

Обуката се реазлизираше од 10 септември до 02 декември 2020 година.

Вкупно 12 кандидати успешно го положија финалниот испит со што се здобија со лиценциран сертификат за личен асистент.

Обуката беше реализирана во соработка со Агенција за вработување на Република Северна Македонија.

Кандидатите се здобија со знаења од областа на основни познавања на видовите на попреченост, видови помагала и нивна примена, помош на работно место, образовен процес и помош во заедницата на лица со попреченост како и помош на корисникот во домот и начинот на комуникација со лицата со попреченост.

Исто така кандидатите се здобија со практична настава во времетраење од еден месец.

За време на обуката се следеа и почитуваа протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.