2026-01-30
Реализирана крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески
Во духот на хуманоста и делото на нашиот Тоше Проески, успешно беше реализирана традиционалната крводарителска акција, при што беа собрани 235 единици крв
И оваа година, крводарителската акција која се реализираше денеска во Домот на АРМ, обедини голем број граѓани, а особено млади луѓе кои во ликот и делото на Тоше Проески препознаваат позитивен пример.
Голема благодарност до сите хумани крводарители кои се приклучија и ја покажаа својата солидарност, како и до волонтерите и професионално ангажираните лица од Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Гази Баба за нивната несебична посветеност и поддршка.
Хуманоста продолжува да живее – токму онака како што нè учеше Тоше.
