Реализиран семинар за волонтери за здраво стареење во заедницата
Во периодот од 24.08.2020 до 26.08.2020 во тренинг ценарот ,,Солферино’’ во Струга беше реализиран семинар за здраво стареење наменет за волонтерите од клубот на млади и претставници од мобилните тимови на ЦКГС. Целта на семинарот беше учесниците да се информираат за компонентите на здравото стареење, превентивните и ризик факторите поврзани со здравјето на луѓето во текот на нивното стареење и притоа се користеа алатки и прирачници подготвени од страна на Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Учесниците имаа прилика да се запознаат подетално со незаразните болести кај старите лица, спроведување на проценка, промени во однесување, придобивки на доживотното учење како и важноста на физичката активност во процесот на стареење.
Тренингот беше реализиран со поддршка на Швајцарскиот Црвен Крст.