Реализација на донација за заводот Топански поле
На 6.03.2008 год. младите на Црвен крст на град Скопје(клуб на млади) и младите од ООЦК на територија на град Скопје го посетија и остварија донација во Заводот за рехабилитација на деца и младинци -Скопје.
Во оваа установа се згрижуваат, едуцираат и работно оспособуваат околу 100 деца и младинци со умерена и теШка интелектуална попреченост. Лицата кои се сместени во Заводот секогаШ имаат потреба од дидактички средства кои ги користат во процесот на оспособување и активностите за развивање на моториката, но не секогаШ нивните потреби се во целост исполнети. За таа цел младите на Црвениот крст, по претходна консултација со одговорните во установата, организираа НовогодиШна забава во дискотеката Левел со цел собраните средства да ги наменат за набавка на дидактички средстава за потребите на Заводот. За лицата згрижени таму беа донирани хамери, лепаци, ножички, боенки, фломастери, бои, глинамол, топки, материјали за изработка на таписерии и др. со приближна вредност од околу 50 000 денари. ООЦК Гази Баба дополнително донираШе и чевли, часовници, и др. дидактички материјали. За денот кога беШе организирана донацијата, беШе организирана и мала забава и дружење со лицата од домот и волонтерите на Црвениот крст за Што беа обезбедени сокови, слатки и чипсови. Нескриено беШе задоволството и радоста на Штитениците во Заводот на наШата посета, дружење, фотографирање со наШите волонтери, како и од вработените кои полесно Ќе го организираат процесот на работа со лицата.
И во иднина остануваме отворени за помоШ и соработка со овој Завод преку организирани креативни работилници на наШите волонтери и лицата во домот, како и информирање на поШироката јавност за активно вклучување на сите кои може со свој придонес да ги подобрат условите за работа во оваа установа.