Пребарувај по датум:
2025-11-30

Работна средба со лицата од Украина во РСМ

Како дел од активностите насочени кон лицата од Украина кои поради воениот конфликт ја напуштија својата земја, Црвен крст на град Скопје на 29 ноември организираше работна средба со корисниците кои ги опфаќаме со нашите активности уште од 2022 година.

Целта на средбата беше да се направи осврт кон досегашната поддршка во рамки на хуманитарната асистенција што ја обезбедуваме во партнерство со УНХЦР , како и да се разговара за пристапот до права, добрите практики, предизвиците и идните потреби.

Преку отворена дискусија, присутните ги споделија своите лични искуства поврзани со пристапот до здравствени и социјални услуги, административни постапки и пристап до образование. Посебен акцент беше ставен на пристапот до пазарот на труд, како еден од најзначајните предизвици со кои се соочуваат.

Во текот на работилницата беа идентификувани клучните пречки, но и потребите кои се издвојуваат како приоритетни за наредниот период.

Овие средби претставуваат важна можност да се слушне гласот на лицата со кои работиме , и со поддршка на нашите партнери – во државата и меѓународно – да одговориме на нивните потреби, но и активно да се залагаме и да ги застапуваме нивните права.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.