Пребарувај по датум:
2025-11-04

Работилница за Подготвеност за ефективен одговор

Во периодот од 30 до 31 октомври се одржа Работилницата за  Подготвеност за ефективен одговор (Preparedness for Effective Response -PER) со акцент на миграции– значајна алатка која му овозможува на Црвениот крст на РСМ- Црвен крст на град Скопје систематски да ја процени и унапреди својата способност за ефикасен одговор.

PER процесот претставува структуриран и партиципативен пристап кој овозможува идентификација на силните страни и празнините во областа на миграции, со цел механизмите за одговор да бидат усогласени со меѓународните стандарди. По завршување на истата, изготвен беше план за активности за периодот 2026-2028 год., во полиња од областа на миграциските движења во кои сакаме да се унапредиме и пружиме подобри услуги.

Преку учеството во PER процесот, ја потврдивме својата посветеност за обезбедување навремена, координирана и безбедна помош за ранливото население.

Активноста е поддржана од Швајцарски Црвен крст, кои беа и фасилитатори на работилницата.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.