Пребарувај по датум:
2025-04-29

Работилница за безбедност и сигурност

На 28 април 2025 година се одржа работилница за безбедност и сигурност на волонтери на ЦКРСМ-Црвен крст на град Скопје реализирана од страна на одговорно лице за безбедност Александра Ристовски. На работилницата присуствуваа 12 професионалци, координатори од оддели во кои има поголемо движење на волонтери.

За потребите на обуката, изготвена беше презентација преку која беа повторени термините волонтер, волонтирање, етички кодекс, права и обврски на двете страни. Учесниците беа информирани за политиката и механизмите кои беа донесени од страна на РО на ЦКРСМ на 17 октомври 2024 година за безбедност и сигурност. Во политиките беа разјаснети општите безбедносни упатства, безбедносни мерки, итни процедури, опрема и осигурување како и однесување на волонтерите. Во делот на механизмот беа објаснети прецедурите за постапување за време и по инцидентот како и затварање на случај. 

Вториот дел од обуката беше реализирана од страна на Маја Атанасова од Македонско здружение на млади правници и се зборуваше за политиките за заштита на интегритет и беа покриени 4 политики, заштита од сексуална злоупотреба и вознемирување, заштита на децата, заштита од мобинг и вознемирување на работно место и заштита на укажувачи.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.