2023-12-28
Работилница за унапредување на меѓуинституционалната соработка и комуникација во време на пандемија и други кризи
Црвен крст на град Скопје со претставници на Центрите за Јавно Здравје и претставници на Здравствен Дом Скопје како и стручни соработници и волонтери на Црвен крст одговорни на вакцинални пунктови и за епидемиолошки анкети организираше работилница во месец декември. На оваа работилница се изработи анализа на заедничките активности, комуникацијата и се дадоа препораки за идните чекори во насока на унапредување на соработката. Активноста е поддржана од страна на Швајцарскиот Црвен крст.