Пребарувај по датум:
2021-12-17

Работилница за Теорија на промени во рамките на проектот InCARE

На 14.12.2021, во просториите на Центарот за Социјални претпријатија се одржа првиот дел од дводневнатаработилница  за Развој на услуги на долгорочна нега игрижа со примена на Теорија на промени и пилотирање иновативни социјални услуги на долготрајна нега и грижа.

Работилницата се спроведе во рамки на проектот ,,Поддршка на инклузивниот развој на услуги во заедницата за долготрајна нега преку вклученост на повеќе чинители (InCARE), поддржан од Европската Унија преку програмата Вработување и социјални иновации ЕаСИ“ заедно со Министерството за труд и социјална политика и Црвен Крст на Република Северна Македонија како партнери на проектот и Министерството за здравство како проектни соработници во РСМ.

Претставник од Црвен крст на град Скопје ги презентираше целите и карактеристиките на пилот компонентата  – иновативната услуга Итно копче.

На работилницата учество завземаа учесници од јавниот и приватниот сектор, како и корисници и провајдери на услугите за нега во нашата држава. Вториот дел од работилницата ќе биде оддржан на 24.12.2021.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.