Пребарувај по датум:
2023-06-01

Работилница за психо-социјална поддршка

Во рамките на проектот за поддршка на лицата од Украина со привремен престој во РСМ од хуманитарни причини, реализирана беше работилница за лицата ангажирани во реализација на проектните активности. Преку користење на  методологијата Points of You© и алатките The Coaching Game, Punctum & Faces работилницата ја водеше Катерина Златановска Попова, користејќи комбинација на дискусија, групна работа и тимски активности фокусирани на искуствено учење.

Целта на работилницата беше да се зајакнат капацитетите на тимот преку личен развој и воспоставување рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот.

Во позитивна атмосфера и енергија, сите учесници беа отворени за учење и активно учествуваа во предвидените активности, покажаа интерес за взаемна соработка, а она што е особено важно е и можност на едно место да продискутираат за сопствените предизвици во работата како и можностите за ПСП која ја нуди Црвениот крст презентирана од страна дел од проектниот тим.

Проектот, во рамки на кој е реализирана оваа работилница, е поддржан од Меѓународната федерација на Црвен крст и црвена полумесечина.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.