Работилница за правата и услугите на старите лица во организација на Фонд за здравствено осигурување и Црвен крст на град Скопје
На 21.02.2014 година во просториите на ДХО Даре Џамбаз во рамките на Дневниот центар за стари лица се оддржа работилница за правата и услугите достапни за старите лица, а во оранизација на Црвен крст на град Скопје и Фондот за здравствено осигурување.
Оваа активност е резултат на соработката помеѓу двете институции и поддршката од Сојузот на здруженија на пензионери на РМ во насока на подобрување на животот на ранливите категории на население. Едукативната работилница е прва во низата на вакви работилници кои ќе следат, а со кои се очекува степеност на информираност кај лицата во трето доба да биде подигнат на повисоко ниво и преку директниот, непосреден контакт на стручниот тим на ФЗО овие лица ќе имаат можност полесно да ги остварат своите права. На работилницата се обрати директорката на ФЗО М-р. Маја Парнарџиева-Змејкова, секретарот на Црвен крст на град Скопје г-ѓа.Сузана Т.Пауновска и претседателот на СЗПМ г-дин. Драги Аргировски. Работилницата ја водеа Д-р Ана Петрова – Советник на Директор на ФЗОМ и Даниела Јовческа-Ѓуровска ВД директор на Сектор за правни работи кои своите презентации ги насочиа кон следните теми: Превентивни мерки и активности во Примарна здравствена заштита и Остварување на правата на осигурените лица – пензионери во системот на задолжително здравствено осигурување.