Пребарувај по датум:
2017-12-11

Работилница со волонтери од European Voluntary Service од ALDA Скопје и корисници од сликарска работилница

Во рамките на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ во Црвен крст на град Скопје, една од активностите која веќе 4 година континуирано се реализира е сликарската работилница. Во сликарската работилница, секој четврток учествуваат и создаваат уметнички творби 14 талентирани аматери корисници, кои ги насочува и надгледува проф. д-р. Стојче Тоциновски.Дневниот центар за стари лица во ДХО „Даре Џамбаз” самоинцијативно го посетија волонтери од Франција поточно од European Voluntary Service – ALDA (Европска асоцијација за локална демократија) од Скопје. Во период од 02.11.2017 до 09.11.2017 се реализираа две работилници за снимање на видео. Целта за снимање на видеото е колку корисниците се задоволни од сликарската работилница, нивни импресии за реализираните три изложби и првата ликовна колонија која се реализираше во месец окомври во едукативниот и рекреативен центар „Солферино” во Струга ,меѓусебната дружба и понатамошно реализирање на сликарската работилница.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.