2014-03-30
РАБОТИЛНИЦА СО КОМПАНИЈАТА ЕВН МАКЕДОНИЈА ЗА ВОЛОНТЕРИТЕ ОД ГРИЖА ЗА СТАРИ ЛИЦА
На 28.03.2014 година во просториите на Дневниот центар за стари лица 20те волонтери од проектот Грижа за стари лица (Дневен цнетар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови) добија обука за штедење на електрична енергија организирана од страна на компанијата ЕВН Македонија во соработка со ЦКРМ.
Информациите кои ги добија волонтерите понатаму ќе бидат искористени за пренесување на старите лица кои ти ги посетуваат на дневна основа во нивните домови. Компанијта ЕВН Македонија заедно со Градот Скопје и Минстерството за Труд и Социјална политика е поддржувач на проектот, а ваквите средби подразбираат взаемна директна соработка и користење на капацитети кои ги поседуваат партнерите.