2022-08-18
Работилница по хеклање
Во рамките на програмата ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови’’ при Црвен крст на град Скопје, на 17.08.2022 се одржа втората по ред работилница по хеклање.
Корисниците во дневниот центар за стари лица изработуваа бележници за книги со поддршка и насоки во рачната изработката од страна на Heklana Crochets&Knits.
Ваквите работилници се од голема важност за лицата во трето доба во насока на одржување на моториката на прстите, социјализација и промовирање на активно стареење.