РАБОТИЛНИЦА “МЗМП”
Реализирана работилница со претставници од Македонско здружение на млади правници (МЗМП) за информативно правно советување за остварување на правата на лицата со оштетен вид и различни додатоци
На 25.01.2018 со почеток во 14:00 часот реализирана е неколку часовна работилница со претставници од Македонското здружение на млади правници, Извршен одбор на Националниот Сојуз на Слепите на РМ, лицата со оштетен вид и родители на лицата со оштетен вид корисници на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид.
На работилницата се зборуваше за типовите на помош кои им следуваат на децата согласно Законот за заштита на деца, односно – детски додаток, посебен додаток, родителски додаток за трето дете, а особен акцент на правото на посебен додаток. Во понатамошната дискусија произлегоа повеќе прашања кои се однесуваат на правата на лицата со оштетен вид а кои не се покриени со Законот за социјална заштита на децата, кои во иднина ќе бидат решавани со организирање на информативни средби на различни теми од областа на правото.
Оваа работилница е третата од петте модули предвидени да се реализираат во наредните неколку месеци за личен раст и развој на лицата со оштетен вид и за лобирање за остварување на правата на лицата со оштетен вид.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид при Црвен крст на град Скопје се реализира во рамките на прокетот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот.