Пребарувај по датум:
2021-02-05

Пункт за бездомници

Поради ниските температури во изминатиот период, пунктот за бездомници на Црвен крст, беше отворен во период од 31.12.2020 до 30.01.2021, или вкупно 16 дена. За време на овој период, услугите на пунктот ги користеле 5 бездомници со вкупно 33 преспивања.

Од страна на граѓаните беа примени три дојави за бездомни лица, но по излегување на терен од страна на волонтерите, лицата одбиле да бидат сместени во пунктот.

Пунктот за бездомници во Момин Поток во Скопје е место кое е отворено во 2008 година и успешно, 13 години во континуитет, ја дава потребната помош и поддршка на бездомните лица.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.