Пребарувај по датум:
2017-12-11

Пункт за бездомници- подготовки за зимскиот период

Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје, овозможува помош и поддршка на 50 бездомници на дневна основа, кои редовно го посетуваат двапати во неделата. Тие ги користат услугите за одржување на хигиената и берберските услуги. Со нив работи тим од доктор, психолог и социјален работник и согласно нивните потреби се работи на намалување на нивната ранливост и подобрување на здравствената состојба. Покрај овие услуги корисниците редовно може да добијат облека, храна и други материјални добра. Со бездомниците се работи на нивна успешна реинтеграција.
На прагот на зимскиот студен период, Црвениот крст веќе е во подготовки за помош и поддршка на бездомните лица, како исклучителнио ранлива категорија. Согласно оперативниот план, за време на екстремно ниските температури ќе се овозможи сместување во Привременото прифатилиште кое има капацитет да смести 32 лица во исто време, а мобилни тимови на Црвен крст ќе бидат достапни 24/7 за да укажат помош и обезбедат превоз за сите бездомни лица  дојавени од терен.
Оваа година, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика на РМ, ваквите услуги покрај во град Скопје, проширени се и во Битола, Струмица, Струга каде се поставени контејнери во кои може да се згрижат по 8 лица. Истите се опремени со ќебиња, храна, а мобилните тимови на Црвен крст во овие градови се подготвени за прифаќање на бездомните лица. Промовирањето на оваа форма на згрижување на бездомните лица, беше на 6.12.2017 г. (среда) во 10:30 часот во пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје, лоциран во Момин Поток. На настанот се  обрати ресорната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска, градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов  и секретарот на Црвен крст на град Скопје Сузана Т. Пауновска. 
Функционирањето на Пунктот за бездомници во град Скопје е поддржано од страна на Град Скопје и повеќе компании и индивидуалци.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.