2026-04-03
Првоаприлско дружење!
Во рамки на активностите за поддршка и социјализација на лица со попреченост, Црвениот крст на Град Скопје организираше првоаприлска забава во Street Pub за корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години „Пролет“.
Заедно со дел од членовите на мото клубот Hells Angels, корисниците доживеаја незаборавен ден исполнет со насмевки, позитивна енергија и креативни маски.
Социјализацијата, дружењето и насмевките имаат особено значење за овие лица и претставуваат важен дел од нивното секојдневие.
