Пребарувај по датум:
2022-04-01

Првоаприлско дружење

Волонтерите од Црвен крст на град Скопје во соработка со нашите пријатели од Custom pub, за  корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години Пролет, корисниците од Центарот за церебрална парализа како и лица со пореченост кои се дел од проектот „Хуманко“кој ООЦК Карпош успешно го имплементира години наназад, организираа првоаприлска забава. Им благодариме на Јана Спиркоска и Александар Спасенцовски кои со својот талент секогаш  даваат поддршка во забавниот дел во рамки на активностите на Црвен крст на град Скопје и аниматорите од кловн Лили кои со голема љубов се трудат да ги развеселат лицата со попреченост. Заедно имавме убав и весел ден исполнет со многу насмевки и интересни маски.

Волонтерите на Црвен крст на град Скопје во рамки на проектот за поддршка и социјализација на лица со попреченост поддржан од Комерцијална банка и понатаму ќе даваат поддршка за оваа целна група.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.