Првата ЦКА-ПХВ финална работилница
52 младинци, 6 дисеминатори, 4 гости од Измир и двајца претставници од ПХВ проектот од Шри Ланка беа дел од првата ЦКА-ПХВ финална работилница.
Истата се оддржуваше во Струга од 04 до 06 мај. ПХВ канцеларијата традиционално првата финална работилница ја прави во неделата на Црвениот крст, промовирајќи ги активностите реализирани од страна на учесниците.
На работилницата беа присутни претставници на проектите кои ова година се рализираа преку ЦКА-ПХВ програмата од сите општински организациии а кои беа оценети со фазите 5 и 4.
Младинците на работилницата добија продлабочено знаење за целиот ПХВ циклус, за културата како систем од вредности, за тимот и тимската работа, за вредностите на Црвениот крст и мотивираност за нивната понатамошна работа во клубовите на млади.
Како резултат на нивната посветенот и работа, се изработи краткиот ПХВ филм кој беше прикажан во рамките на ТВ шоуто, комплетно подготвен од нивна страна. Двајца младинци, шармантни водители најавуваа реклами за Црвен крст изведувани од групата одговорна за реклами, актерите ја изведоа претставата Погодете кој доаѓа на вечера, неколку младинци ги раскажуваа проектите изработени од младинците со цел доближување на хуманитарниот чин до секој поединец.
По завршувањето и на втората финална работилница, која ќе се оддржи од 25 до 27 мај, ќе се изработи пресек на сите проекти ќој ќе биде доставен до сите ООЦК за да служи како поттик за идните генерации.
Пред нив е и нов заеднички предизвик, изработување на претстава на локално ниво која ќе биде промовирана во текот на една иста недела во сите Општински организации. Ќе се направи и глобално поврзување преку промовирањето на истиот тетар во Шри Ланка, каде се имплементира ПХВ програма под нашето менторство.
Младите се на потег-Да им дадеме поддршка.