Пребарувај по датум:
2024-05-13

Прва психолошка помош при загуби и тагување

На 29.04.2024 во просториите на Едукативниот Тренинг Центар на Црвениот крст на град Скопје беше реализирана двочасовна работилница за прва психолошка помош при соочување со загуби и тагување. Работилницата беше наменета за 22 негуватели кои се вклучени во сервисот за помош и нега во домашни услови. Во текот на работилницата беа дискутирани типовите на загуби со кои корисниците би можеле да се соочат, нивното влијание врз добросостојбата, начини на кои се постапува при давање на прва психолошка помош и психо-социјална поддршка. На крајот од работилницата негувателите се стекнаа со две техники за релаксација. Оваа активност е реализирана со поддршка на Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка при ЦКРСМ.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.