2019-11-19
Прва помош обука во Француска амбасада
Тим на Црвениот крст на град Скопје, за потребите на Француската амбасада одржа обука на која беа прикажани техниките за срцево белодробно оживување и користење на автоматски надворешен дефибрилатор. Обуката се одржа на 14.11.2019 и истата ја следеа 20 лица, меѓу кои и Амбасадорот на Франција во РС Македонија.