Пребарувај по датум:
2013-05-22

Прва ЦКА-ПХВ Финална работилница

40 младинци и десетина дисеминатори од целата држава присуствуваа на првата ПХВ финална работилница во циклусот 2012-2013 година.

Истата се одржа во Струга од 17-19 Мај. Младинците беа избрани по доставувањето на малите проекти за добрoбит на заедницата изработувани во период од 4 месеци.

За изборот беа клучни часовите посветени за изработка на проектот, оргиналноста на идејата за проектот, лоцирање на целната група како и истрaжување на потребите на истата.

Од оваа година, за прв пат беа доделувани екстра поени за оние проекти во кои работеа тимови од мешани етникуми и доколку самата целна група е од друг етникум од групата која го изработува проектот.

На финалната работилница се презентираа проектите, се снимаше филм за нивното учество во проектот, се подготви ТВ шоу за кое младите избраа водители, се снимаа позитивни реклами за Црвен крст, се подготви драмата Погодете кој доаѓа на вечера.

Сето ова беше со цел да се промовираат различностите, но се  работеше и на меѓусебното запознавање и на културата како систем од вредности.

Оваа година изработени се 202 мали проекти и вкупно 200 учесници ќе имаат можност да бидат на трите финални работилници во овој циклус. Годинава програмата е поддржана од ЦИР-а преку грантот на CIVICA и Швајцарска агенција за развој со канцеларија во Македонија.

Изјава од учесник:
Филип Трајковски: Искуството кое го стекнав на финалната работилница е нешто што слободно може да кажам дека ме насочи кон правилната насока на живеење.

Сето искуство собрано, сите нови стекнати пријателства, сите убави моменти, ослободувањето на мојата креативност и исполнето време тие три дена не би ги менувал за ништо!

Пресреќен би бил кога би знаел дека секој млад човек би имал можност да помине низ она што го поминавме ние тие три дена, да сфати како е моето чувство сега. Одлично!

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.