2020-01-14
Прослава за празникот Василица
Во пресрет на празникот Василица, Клубот на млади при Црвен крст на град Скопје, организираше забава за корисниците од дневниот центар за лица со интелектуална попреченост “Пролет” и центарот за церебрална парализа. Со многу музика, песна и весела атмосфера заедно го прославивмо празникот.
Активноста е дел од активности кои се реализираат во рамките на проектот за поддршка и социјализација на лица со попреченост поддржан од Комерцијална банка.