Проширување на ПХВ програмата во регионот
По потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Црвен крст на Република Северна Македонија и Црвен крст Косово, ќе започне имплементирање на програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности во Косово. На иницијатива и желба на нашите пријатели од Косово, во 2024 година ќе биде изготвена временска рамка за имплементација на програмата. Канцеларијата од Скопје ќе дава менторска поддршка за време на целиот процес, а веќе е избран и тимот од страна на ПХВ инструктори кои директно ќе ја имплементираат програмата на терен.
Инаку програмата ќе биде имплементирана во 6 Општински организации, односно во 8 училишта преку кои ќе бидат опфатени 15 наставници и 300 ученици. Целта на истата е регрутација и задржување на нови волонтери, поддршка во локалната заедница, промоција и градење на култура како систем од вредности.
Заедно можеме повеќе!