ПРОМОВИРАН ПРИРАЧНИК ЗА РАБОТА СО СТАРИ ЛИЦА
Во Дневниот центар за стари лица на 25ти Април, Црвениот крст на РМ, Заводот за Социјални Дејности – Скопје и Министерството за Труд и Социјална Пилитика го прмовираа прирачникот за работа со стари лица, резултат на стручниот труд и практични искуства од досегашната работа со оваа целна група.
Прирачникот има за цел обука на лица кои професионално или волонтерски работат со лица во трето доба т.е. менаџери на домови за стари лица, волонтери на Црвениот крст, психолози, социјални работници итн.
Истиот е испечатен со поддршка од страна на Австриската Агенција за Развој и Австрискиот Црвен крст, а подготвен од страна на Заводот за Социјални Дејности – Скопје.
Како што истакна и Министерот за Труд и Социјална Политика Г-дин Спиро Ристовски, важно е да се даваат услуги на лицата во трето доба но не било какви туку форматирани, унифицирани и од страна на лица кои ќе добијат соодветна обука за начинот на кој треба да бидат дистрибуирани услугите.
На промоцијата беше истакната важноста од инволвирањето на општините, владините и невладините организации во социјалните сервиси посветени на старите лица.