2022-12-16
Пролет во просториите на Црвен крст на град Скопје
Корисниците од дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години ,,Пролет” ги посетија просториите на Црвен крст на град Скопје со цел дружење со волонтерите. Но како и секогаш во рамки на овие активности неизоставени се многу музика и пеење па дружењето прерасна во караоке забава. Многуте насмевки и прегратки беа причина корисниците да имаат весел и исполнет ден, а посебен беше и за стручната служба која со многу радост им посака добредојде.
Голема благодарност до Алма – М ДООЕЛ кои ги израдуваа и донираа новогодишни подароци за сите корисници.